25 мај 2026
• од Темелко Тошев
По двата последователни протести организирани од студентите на трите универзитети со настава на албански јазик во земјава, кои бараат правосудниот испит (испитот за јуриспруденција) да се полага и на нивниот мајчин јазик, студентите најавуваат дека наскоро ќе излезат со официјален став за нивните следни чекори.
Организацискиот совет, составен од претставници на трите универзитети, во моментов прави детална анализа на целиот процес – од поднесувањето на првото барање пред две години, па сè до денес.
Члирим Исени, еден од организаторите на протестите, истакнува дека за студентите е најважно веднаш да почне практичната примена на веќе постоечките законски решенија. според него, актуелните позитивни правни прописи јасно ја дефинираат употребата на јазиците.
„Нашиот организациски совет во детали го анализира текот на овој процес. Земајќи ја предвид динамиката и реакциите на надлежните органи, наскоро ќе ја информираме јавноста за нашиот дефинитивен став. Сметаме дека постоечкиот Закон за јазици јасно ја прецизира употребата на албанскиот јазик во сите димензии, без исклучок. За нас е клучно законот да се примени што е можно побрзо. Доколку Владата смета дека треба да се донесе нов, подобар закон, нека ја продолжи таа процедура, но тоа не смее да биде пречка за спроведување на сегашниот закон кој е на сила“, изјави Исени.
Поддршка и брзо решавање на овој децениски проблем вети вицепремиерот Беким Сали. Тој неодамна изјави дека институциите се во завршна фаза на консултации со експерти и дека конечната одлука се очекува многу брзо. Сали нагласи дека политичка волја постои, а проблемот останал отворен поради пасивноста на претходните структури. Според него, целта е да се донесе поширок пакет кој ќе реши повеќе слични прашања одеднаш.
„Нема да биде само правосудниот испит. Сакаме во пакет да решиме уште неколку слични теми reшeни reшeни еднаш засекогаш, за да не им даваме причина на нашите студенти да бидат незадоволни од функционирањето на државните институции и нивниот третман“, потенцираше вицепремиерот Сали.
Од друга страна, министерот за правда Игор Филков останува на ставот дека правосудниот испит не треба да се полага на албански јазик. Тој децидно тврди дека испитот се спроведува исклучиво според важечките закони и професионалните стандарди, а не според, како што ги нарече, „дневни политички агенди“.
Министерот Филков го задржува овој став и покрај тоа што Инспекторатот за употреба на јазиците веќе му упати опомена во врска со законските и уставните обврски кои се однесуваат на официјалната употреба на јазиците во земјата.
ВМРО-НП реагира: ДПМ ќе добие претседател заговорник на великосрпската политика
Хуманитарна акција: Помош за лекување на 14-годишниот Марко Џолевски во Турција
Историја во Атина: Бугаринот Александар Везенков е шампион на Европа со Олимпијакос!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

