11 мај 2026
• од Темелко Тошев
Хаосот во јавниот превоз во Скопје добива нови, бизарни димензии. Патниците кои денеска околу 13 часот се возеле во приватниот автобус со број 63 на релација од Транспортен центар кон селото Мралино, наместо до својата дестинација, стигнале само до населбата Илинден. Причината? Возачот признал дека не го знае патот.
Според сведоштвата на револтираните граѓани, уште додека возел кон Мралино, возачот постојано се жалел дека не ја познава рутата. Во обид да му помогнат и да стигнат до дома, самите патници започнале да му даваат насоки каде да сврти и на кои постојки да застане.
Сепак, наместо благодарност, возачот видно се изнервирал. Кај автобуската постојка „Илинден први мај“, во близина на кружниот тек кај маркетот „Тинекс“, тој едноставно го запрел возилото и им наредил на сите патници да се симнат.
„Ни рече дека нема намера да вози до крај бидејќи не знаел како потоа да се врати назад во Скопје“, велат зачудените патници.
Според официјалниот возен ред на ЈСП-Скопје, од точката каде што биле оставени граѓаните па сè до последната станица во Мралино, преостанувале уште 16 предвидени автобуски постојки. Наместо да ја заврши линијата, приватниот превозник направил круг на кружниот тек во Илинден и се упатил директно назад кон главниот град.
Среќна околност во целиот инцидент била што по пет минути пристигнал автобус на ЈСП со број 66. Иако оваа линија не ја вози истата траса и не влегува во Мралино (туку продолжува кон Миладиновци), патниците биле принудени да се качат за барем малку да се доближат до своите домови.
Овој инцидент отвора сериозни прашања за професионалноста и подготовките на кадрите во приватниот превоз:
Додека Скопје се бори со недостиг на автобуси, граѓаните во приградските населби остануваат заложници на неинформираноста и личните одлуки на возачите, кои наместо сервис за граѓаните, стануваат извор на нови сообраќајни „авантури“.
Полицијата викендов не се штедела: Казнети над 1.400 возачи – уапсени 21 од нив
СДСМ: Мицкоски има уште само 20 дена до конечното разоткривање на неговите лаги
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

