11 мај 2026
• од Темелко Тошев
Вистинска драма се одвивала викендов во Битола, откако на социјалните мрежи се прошири сведоштво за исклучително опасна ситуација на железничкиот премин во населбата Стрелиште. Според тврдењата на граѓаните, воз поминал низ преминот додека рампите биле кренати, а звучната сигнализација воопшто не била вклучена.
Шокантното тврдење првично беше споделено на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) од страна на корисничката со псевдоним „Аритмија“. Таа алармира дека нејзина пријателка за малку ќе настрадала додека со својот автомобил поминувала преку пругата.
„Вчера возо во Битола си поминал Стрелиште без никаква звучна сигнализација и кренати рампи. Ова го знам од проста причина што другарка ми избегнала да биди прегазена на пругата поминувајќи со колата за неполни 30 секунди. Еве и слика имало објавено“, гласи објавата која брзо се прошири меѓу битолчани.
За ситуацијата да биде уште поалармантна, во објавата е споделена и фотографија од друг очевидец кој успеал да го овековечи моментот кога локомотивата поминува низ преминот, додека сообраќајните знаци и рампите мируваат како преминот да е слободен за движење. Сликата е уште еден нем доказ за сериозноста на пропустот што можел да чини човечки животи.
Ова не е првпат граѓаните на Битола и низ Македонија да реагираат на дефекти во железничката сигнализација. Сепак, сведоштвото дека возило било на само 30 секунди до директен судир со возот предизвика лавина негативни коментари и итни барања за одговорност од надлежните во „МЖ Инфраструктура“.
Битолчани се со право револтирани и стравуваат за својата безбедност, прашувајќи се: „Дали треба да се случи трагедија за конечно да проработат системите?“
Засега нема официјално соопштение од надлежните институции за тоа дали станува збор за ненадеен технички дефект или пак за човечка грешка при управувањето со сигнализацијата на овој критичен премин.
Полицијата викендов не се штедела: Казнети над 1.400 возачи – уапсени 21 од нив
СДСМ: Мицкоски има уште само 20 дена до конечното разоткривање на неговите лаги
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

