11 мај 2026
• од Темелко Тошев
Светот се соочува со нов бран поскапувања на основните прехранбени продукти. Покрај месото, зголемување на цените има и кај зејтинот и пченицата, а високите трошоци за ѓубрива се закануваат драстично да ги поскапат овошјето и зеленчукот.
Глобалните пазари на храна повторно влегуваат во турбулентна зона. Главниот виновник овојпат не се само климатските промени или нарушените синџири на снабдување, туку и продлабочената геополитичка криза на Блискиот Исток. Според најновиот извештај на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), глобалните цени во април бележат трет последователен месечен раст.
Индексот на светските цени на храната во април достигнал 130,7 поени, што е раст од 1,6 проценти во однос на март. Оваа дестабилизација е директно поврзана со високите енергетски трошоци и кризата околу Ормускиот Теснец, која го отежнува транспортот и ја крева цената на нафтата.
Најдраматичен скок е забележан кај растителните масла:
„И покрај нарушувањата поврзани со кризата во Ормускиот Теснец, глобалните агропрехранбени системи покажуваат отпорност. Сепак, растот на цените на енергенсите и биогоривата создава дополнителен притисок,“ посочува Максимо Тореро, главен економист на ФАО.
Љубителите на месо веќе го чувствуваат товарот на новите цени. Индексот на месо на ФАО е за 6,4% повисок во споредба со минатата година.
Паралелно, цената на пченицата пораснала за 0,8%, а на оризот за 1,9%. Лошите временски услови во САД и Австралија, во комбинација со скапиот транспорт, ја прават секоја кифла и секој оброк со ориз поскапи за крајниот потрошувач.
Најголемата опасност за долгорочната стабилност лежи во цената на ѓубривата. Нестабилноста во Блискиот Исток го прекина нормалното снабдување со уреа и фосфатни ѓубрива.
Земјоделците веќе се соочуваат со тешки одлуки:
Економските аналитичари предупредуваат дека овие глобални поместувања неминовно ќе се прелијат и кај нас во наредните месеци. Производите кои зависат од увоз и транспорт ќе бидат први на удар. Додека владите ги следат берзите, граѓаните стравуваат дека новата прехранбена криза дополнително ќе ја разгори инфлацијата и ќе го нагризе веќе кревкиот животен стандард.
Полицијата викендов не се штедела: Казнети над 1.400 возачи – уапсени 21 од нив
СДСМ: Мицкоски има уште само 20 дена до конечното разоткривање на неговите лаги
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

