11 мај 2026
• од Темелко Тошев
Остануваат уште точно 20 дена до рокот кој ќе стави печат на неспособноста на оваа власт. Рок кој ќе потврди дека реформската агенда на Христијан Мицкоски е само мртва буква на хартија, додека државата тоне во стагнација.
Бидејќи реформите не постојат, а ветувањата се претворија во празна реторика, Мицкоски ја активираше својата добро позната стратегија – „мачкање очи“ на граѓаните за да го сокрие сопствениот неуспех.
Наместо работа и напредок, јавноста е сведок на две сценарија кои имаат една цел – дефокус:
„Мицкоски има апсолутно мнозинство. Како што без консензус ја укина техничката влада, така може сам да ги донесе сите закони. СДСМ не му е потребен за реформи – му треба само како изговор за неуспехот.“
Историјата на Мицкоски е историја на големи лаги. Граѓаните се уште ги паметат неговите ветувања:
Вистинската причина зошто Македонија денес е на колена е стравот на оваа власт од европските правила. Мицкоски не сака Европска Унија затоа што таму владее правото.
Во систем со европски правила, неговиот модел на криминал, сомнителни тендери и партиски злоупотреби паѓа во вода. Затоа тој избра да ги држи граѓаните како заложници на неговите лични и групни интереси.
Времето на лагите изминува. За 20 дена, маските ќе паднат целосно. Доаѓа времето на вистината, кога секој ќе мора да се соочи со одговорноста за уништената иднина на државата.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Полицијата викендов не се штедела: Казнети над 1.400 возачи – уапсени 21 од нив
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

