21 март 2025
• од Вардарски
Фондацијата Македонија започна нова хуманитарна акција за прибирање парични донации со цел да им се помогне на настраданите од неодамнешната трагедија во Кочани. Откако успешно мобилизираше десетици доброволци од Бугарија за дарување крв, фондацијата сега ја продолжува својата мисија со финансиска поддршка за најпогодените семејства.
Од Фондацијата информираат дека досега се собрани над 1.300 евра, сума која ќе биде искористена за итна медицинска помош, набавка на основни потреби и обнова на оштетените домови.
„Солидарноста не познава граници. Благодарни сме на сите луѓе со големо срце кои веднаш се одзваа на повикот за помош. Продолжуваме заедно, рамо до рамо со нашите браќа и сестри од Кочани,“ велат од Фондацијата Македонија.
Акцијата продолжува, а сите кои сакаат да донираат можат да се информираат преку официјалните страници на Фондацијата на социјалните мрежи и нејзината веб-страница.
МЕТЕО АЛАРМ: Силен ветер со удари над 80 км/ч – Предупредување за 12 мај 2026 година
Полицијата викендов не се штедела: Казнети над 1.400 возачи – уапсени 21 од нив
СДСМ: Мицкоски има уште само 20 дена до конечното разоткривање на неговите лаги
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

