19 август 2026
• од Темелко Тошев
Обидот на претходната власт во периодот од 2017 до 2024 година да се оттргне од старите геополитички концепти заврши со катастрофален изборен пораз, кој повторно го врати „српскиот свет“ на политичкиот пиедестал во земјава, истакна Петрит Сарачини во својот најнов осврт на политичките состојби.
Анализирајќи ги резултатите од изборите и актуелната политичка клима, Сарачини посочи дека политиките водени во изминатите седум години не успеале целосно да ја ослободат државата од вкоренетите надворешни влијанија.
„Еден период, додека СДСМ беше на власт, овој период 2017-2024, се обиде да се оттргне од тој концепт и видовме како тоа резултираше на крај со катастрофални бројки на изборите и пораз којшто го донесе српскиот свет повторно на пиедесталот“, вели Сарачини.
Во продолжение, тој директно се осврна и на влијанието врз ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека таквата состојба претставува континуитет уште од времето на претходните раководства, за што потврда стигнува и од меѓународната заедница.
„За ВМРО-ДПМНЕ не сакам да зборувам повеќе, бидејќи влијанието и претходно за време на режимот на Груевски, а и сега, е очигледно. За тоа зборуваат извештаите на Европската комисија и извештајот на Вајс, кој јасно кажува дека Унгарија и Србија имаат силно влијание на Македонија“, додава Сарачини.
Според неговите зборови, токму ова силно странско влијание е главната причина што директно се рефлектира врз стагнацијата на државата и блокадата на целокупниот евроинтеграциски процес.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

