21 мај 2026
• од Темелко Тошев
Студентите од Албанија најавија масовен протест во Тирана во знак на солидарност и поддршка на студентите Албанци од Македонија. Главниот мотив за овој собир е континуираното барање на студентите по право во земјава да им се овозможи полагање на завршниот испит по право на албански јазик, со оглед на тоа што и наставата ја следат на својот мајчин јазик.
Според информациите пренесени од дел од медиумите во Тирана, протестот ќе се одржи на 26 мај, со почеток во 17:00 часот по локално време, на централниот плоштад „Скендербег“.
Барањето на студентите Албанци од неколку правни факултети во Северна Македонија не е новина. Тие инсистираат на правото да го полагаат завршниот испит на јазикот на кој студирале, но досега не добија позитивен одговор од Министерството за правда.
Хронологијата на незадоволството кулминираше преку неколку јавни собири:
Од Владата истакнуваат дека активно се работи на надминување на причините за протестите на албанските студенти. Официјалниот став е дека предлог-решението за ова прашање ќе биде испратено на мислење до Венецијанската комисија, пред да биде финализирано.
Во меѓувреме, темата предизвика и политички препукувања. Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прозивките и критиките упатени од страна на опозициската ДУИ, посочи дека актуелната влада решава проблеми кои биле занемарувани со децении.
„Ние го решаваме наследениот проблем на оние кои имале 20 години да најдат решение, а не го направиле тоа“, дециден е премиерот Мицкоски.
Останува да се види какви ќе бидат препораките од Венецијанската комисија и дали институциите ќе успеат да најдат компромис кој ќе ги задоволи барањата на студентите пред почетокот на следните испитни рокови.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

