22 ноември 2026
• од Димитар Стојановски
Српското Движење на слободни граѓани бара да се запре или одложи продажбата на мнозинскиот пакет акции во Алта банка Битола. Партијата предупредува дека кратките рокови и намалувањето на почетната цена може да ги оштетат доверителите на сопственикот на акциите, Алта банка Белград, која е во стечај, објави Рацин.мк.
На продажба се понудени 95,336 проценти од акциите на битолската банка, во пакет од 372.742 акции. Првата аукција на Македонската берза е закажана за 30 ноември, со почетна цена од 3.777 денари за акција. Ако нема купувач, следните наддавања ќе се одржуваат до 7 декември, а почетната цена ќе се намалува за десет проценти при секоја наредна аукција.
Движењето смета дека рокот за добивање претходна согласност од потенцијалните инвеститори бил прекраток за темелна проверка на работењето на банката и дека постои ризик акциите да се продадат под реалната вредност. Партијата побара приходот од продажбата да биде уплатен во стечајната маса за намирување на доверителите.
Комерцијална банка соопшти дека ќе учествува на аукцијата. Продажбата треба да обезбеди нов сопственик и стабилно работење на Алта банка Битола, како и заштита на интересите на штедачите и клиентите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

