20 ноември 2026
• од Елена Иванова
Пред Владата се одржа протест против фемицидите, родово базираното насилство и пропустите во институционалната заштита на жените. Учесниците побараа правда и одговорност, со пораки: „Кој ви даде право да нè убивате“ и „Сите за една, една за сите“.
Протестот го организираше иницијативата „Ниту една повеќе“, по случајот со 26-годишна жена од Охрид, која минатиот викенд била претепана од својот 31-годишен партнер. Против него е поднесено обвинение за три кривични дела и му е одреден притвор од 30 дена, објави 360 степени.
На протестот зборуваше и Бети Ангеловска, мајка на Емилија од Битола. Таа рече дека нејзината ќерка подолг период била изложена на насилство и побара обвинителството темелно да ги прегледа нејзините телефони, одземени за вештачење. Според Ангеловска, во нив има материјали што може да помогнат во расветлувањето на случајот.
Ангеловска најави дека ќе продолжи да бара одговорност и ги повика жените што се соочуваат со насилство да не молчат и да го пријават.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

