22 ноември 2026
• од Елена Иванова
Реконструкцијата на патот од Делчево до граничниот премин со Бугарија треба да почне од понеделник, најави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Делчево. Избрана е и варијанта за нов експресен пат што ќе ги поврзува Кочани, Виница и Делчево, објави Скопје1.мк.
Проектот за експресниот пат, со клучка кон Македонска Каменица, е во фаза на изработка на физибилити и еколошка студија. Според најавата, почетокот на изградбата се очекува кон крајот на летото или почетокот на есента 2027 година, а се разговара и за обезбедување финансирање.
Мицкоски информираше и дека е завршена тендерската постапка за санација на мостот на патниот правец кон Македонска Каменица и Кочани.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

