20 ноември 2026
• од Гоце Кически
28-годишен скопјанец е приведен под сомнение дека го запалил автомобилот на мајка му, а потоа се заканувал дека ќе го запали и станот во кој живеат. Случајот се случил на 19 ноември во Чаир, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите објавени од Скопје1.мк, осомничениот наводно го опожарил автомобилот „опел корса“, сопственост на неговата мајка.
Полицијата го привела околу 6:30 часот на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“. Тој е задржан во полициска станица, а по документирањето на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

