20 ноември 2026
• од Стефан Николов
Граѓанската иницијатива „Ниту една повеќе“ за денеска во 13 часот најави блокада пред Владата, со која ќе побара поефикасна институционална заштита од насилството врз жените и фемицидите, објави Колегиум.мк.
Од иницијативата наведуваат дека годинава биле убиени седум жени, а бројот на евидентирани пријави за семејно насилство пораснал за 70 отсто, на 1.897. Тие ги повикаа надлежните институции да постапуваат по пријавите и да обезбедат правични судски постапки и соодветни казни за сторителите.
Меѓу барањата е итно усвојување на измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Предлог-измените биле поднесени во Собранието на 26 август, а иницијативата бара да бидат усвоени најдоцна до 10 декември 2026 година.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

