08 октомври 2026
• од Тодор Вангелов
СДСМ обвини дека здравствениот систем се соочува со сериозни проблеми поради неработење медицинска опрема, недостиг на лекови и долги листи на чекање. Партијата побара одговорност и оставка од директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Според СДСМ, веќе три недели не работи ниту еден компјутерски томограф во Клиничкиот центар, поради што пациентите чекаат за потребните прегледи и дијагностика.
Од партијата тврдат и дека ПЕТ-скенот, кој е важен за онколошките пациенти, подолг период има проблеми во работењето. Според нивните наводи, пациентите во одредени случаи чекаат и по неколку месеци за преглед.
СДСМ посочува и на недостиг од терапија за онколошки пациенти, проблеми со медицинската опрема и недоволен број здравствени работници. Партијата тврди дека дел од клиниките работат со ограничени капацитети, додека граѓаните долго чекаат за прегледи и дијагностика.
Опозициската партија побара одговорност од Владата и од Клековски, оценувајќи дека состојбата директно го загрозува здравјето на пациентите. Во соопштението се бара Клековски да поднесе оставка.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

