08 октомври 2026
• од Гоце Кически
Европската комесарка за проширување Марта Кос порача дека Коридорот 8 е европски проект од стратешко значење за транспортното поврзување, економскиот развој и безбедноста на регионот. Таа нагласи дека Европската Унија останува посветена на неговата реализација со поддршка од земјите учеснички.
На прес-конференција во Софија, посветена на изградбата на Коридорот 8, Кос истакна дека проектот не треба да се гледа како двострана иницијатива, туку како дел од пошироката европска визија за поврзување на Балканот.
„Коридорот 8 е стратешки европски проект. Досега успеавме да ги преземеме сите неопходни чекори, секако, со помош на секоја од земјите учеснички. Европската визија е силна и Коридорот 8 ни овозможува да продолжиме напред“, изјави Кос.
Таа нагласи дека Европската Унија работи и на поврзување на Коридорот 8 со другите важни транспортни правци во регионот, вклучувајќи ги патните и железничките врски во правец Север – Југ.
Коридорот 8 е еден од најважните инфраструктурни проекти за Северна Македонија, Бугарија и Албанија. Тој треба да обезбеди современа транспортна врска меѓу Јадранското и Црното Море, со што ќе се олеснат трговијата, патувањето и економската соработка.
Особено значење има изградбата на железничката врска меѓу Северна Македонија и Бугарија, преку Крива Паланка и Ѓуешево, која претставува еден од клучните делови што недостигаат за целосно функционирање на коридорот.
Проектот е дел од европската транспортна мрежа и има растечко стратешко значење за безбедноста на Европа и НАТО. Неговото завршување ќе овозможи побрзо движење на луѓе, стоки, опрема и ресурси, како и посилно поврзување на Западен Балкан со Европската Унија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

