31 мај 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во своето најново излагање излезе со силни и впечатливи ставови во врска со актуелната политичка состојба и улогата на албанскиот политички блок во земјава. Според него, албанската политика во Македонија доживеала сериозна еволуција и во моментов претставува клучен гарант за задржување на државниот геополитички курс.
Еволуција во државотворна структура
Георгиевски истакна дека со задоволство ја следи политичката зрелост кај Албанците во државата, нагласувајќи дека тие прераснале во сериозна државотворна сила која, според неговите зборови, надминува голем дел од домашните политички субјекти.
„Денеска се радувам дека има многу сериозна еволуција на албанскиот фактор во Македонија. Јас во албанскиот фактор денеска со задоволство препознавам една државотворна структура, дури многу посилна и од многу структури во македонските политички фактори“, посочи Георгиевски.
Брана против влијанието на „српскиот свет“
Во својата изјава, тој предупреди на опасностите од регионалните влијанија, особено потенцирајќи го концептот на т.н. „српски свет“. Георгиевски смета дека токму државотворниот пристап на албанскиот фактор е главната пречка Македонија да не потпадне под целосно влијание на овој концепт.
„Јас се плашам дека во овој момент, да не е државотворноста на Албанците, ние ќе одлетаме веќе во српскиот свет сто посто. Така што, можам стварно слободно да ви кажам дека денеска Албанците ја држат Македонија да не се спои со српскиот свет“, дециден е Георгиевски.
Изјавата предизвика внимание во јавноста, отворајќи дебата за внатрешната политичка динамика и надворешните влијанија кои се прекршуваат преку политичките фактори во земјава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

