03 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Со изведување на нови материјални докази од страна на Обвинителството, денеска во судницата во затворот „Идризово“ продолжува судењето за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. Во оваа незапаметена трагедија загинаа 63 лица, додека над 200 се здобија со повреди.
На претходното судско рочиште, фокусот на Обвинителството беше ставен врз целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот каде што се наоѓал ноќниот клуб. Во судницата беа презентирани бројни документи во врска со статусот на градбата:
Фотографиите биле обезбедени преку вештачење на мобилниот телефон на првообвинетиот Дејан Јованов. Притоа, Обвинителството потенцираше дека за извршеното реновирање немало никаква официјална документација.
Особено внимание предизвикаа материјалните докази поврзани со Општина Кочани. Презентиран беше записник од извршен вонреден инспекциски надзор кој утврдил сериозни неправилности: објектот кој имал одобрение исклучиво за лесна индустрија, со години се користел како угостителски објект (дискотека) без соодветно одобрение за пренамена.
Дополнително, презентирана е и клучна кореспонденција од 2012 година:
Адвокатите на одбраната остро реагираа на дел од презентираните материјали, тврдејќи дека истите се прибавени на незаконит начин, со што ја оспорија законитоста на прибраните докази и побараа тие да не бидат изведени во постапката.
И покрај приговорите, Обвинителството продолжи со презентација на Записникот за пронајдени и одземени предмети од местото на настанот откако за тоа се создале услови по пожарот. Меѓу одземените докази се вбројуваат:
Потсетување за трагедијата Катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година, за време на настап на музичката група ДНК. Овој кобен настан претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, додека обвинението го застапува обемен тим составен од дури 15 јавни обвинители.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

