28 јули 2026
• од Темелко Тошев
Наместо драстичните поскапувања од 30% до 130% кои ги бараа енергетските компании, граѓаните на Скопје од 1 август ќе плаќаат умерено повисоки сметки за парно греење. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) го „скрати“ нивното барање и одобри минимална корекција на цените.
Според најновата одлука на РКЕ, цената на топлинската енергија за домаќинствата приклучени на најголемиот систем во главниот град (ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција и ЕСМ Производство) се зголемува во просек за 5,96%.
Во практична смисла, ова значи дека просечната месечна сметка ќе се зголеми за околу 140 денари, односно од досегашните 2.353 денари ќе изнесува 2.493 денари.
Покрај главната мрежа, минимални корекции на цените ќе има и за останатите корисници во Скопје:
Претседателот на РКЕ, Ацо Ристов, посочи дека одлуката е донесена по сеопфатни економско-технички анализи на работењето на енергетските компании, со цел да се заштити стандардот на граѓаните.
„Јавноста веќе е информирана дека првичните барања на енергетските компании се движеа од 30% до дури 130%. Ова што го одобривме е реален и заштитен минимум. Она што е клучно за претстојниот период и што силно го поддржуваме е спојувањето на сите ЕСМ компании за топлинска енергија со цел оптимизација на ресурсите и зголемување на ефикасноста, што во иднина ќе обезбеди уште поповолни цени за граѓаните“, изјави Ристов.
Тој додаде дека споредните анализи покажуваат оти скопјани, и покрај поскапувањето, сè уште имаат најнизок годишен трошок за централно греење во споредба со жителите на Белград, Љубљана, Софија и Сараево.
Интересно е што довербата во централното градско греење бележи континуиран раст. Анализите на РКЕ покажуваат дека само во текот на последната грејна сезона, евидентирани се 1.521 нов приклучок. Со ова, вкупниот број на потрошувачи кои се греат на парно во главниот град се искачи на 67.494 домаќинства и објекти.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

