28 јули 2026
• од Темелко Тошев
Извршниот совет на владејачката партија во Бугарија, „Прогресивна Бугарија“, одлучи да ја поддржи кандидатурата на Илијана Јотова за нов мандат на чело на државата. Оваа одлука на официјален брифинг ја соопшти бугарскиот премиер и лидер на партијата, Румен Радев.
Како што е познато, во петокот актуелниот шеф на бугарската држава, Илијана Јотова, ја објави својата намера повторно да се кандидира за претседателската функција на редовните избори во Бугарија кои треба да се одржат оваа есен. Својата одлука таа ја соопшти на околу три месеци пред гласањето кај нашиот источен сосед.
Во моментов, Јотова го завршува мандатот на чело на Бугарија, кој првично го започна заедно со Румен Радев, период во кој во текот на четири години таа ја извршуваше функцијата бугарски потпретседател.
Самата Јотова за бугарските медиуми најави дека во наредните денови и недели ќе бидат претставени повеќе детали околу нејзината претседателска кампања. Засега, на бугарската политичка сцена сè уште не е познато кој ќе биде нејзиниот кандидат за потпретседател на претстојните избори.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

