17 август 2026
• од Темелко Тошев
Два одвоени инциденти поврзани со сомнение за насилство врз деца во детски градинки се евидентирани во најновиот билтен на Министерството за внатрешни работи. Едниот случај е пријавен во скопската населба Хром, додека вториот се случил во Берово.
Инцидент во скопската населба Хром
Вчера (16 август) во 11:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријавила инцидент кој, според нејзините тврдења, се случил на 14 август. Како што пријавила мајката, откако ја зела својата петгодишна ќерка од градинка на подрачјето на населбата Хром, девојчето ѝ кажало дека било удрено од негувателката. Според пријавата, детето се пожалило и дека негувателката силно ја стиснала за ногата.
Од полицијата информираат дека веќе се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на овој случај.
Кривични пријави за инцидент во градинка во Берово
Во вториот случај, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднела кривична пријава против С.Д. (33) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. Исто така, пријава заработило и лицето А.Д. (33) од Берово поради сомнение за кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Според информациите од полицискиот билтен, инцидентот датира од 6 јули оваа година, кога првопријавената С.Д., која била вработена во Општинската јавна установа за деца – градинка во Берово, згазнала на прстот од раката на малолетно дете кое престојувало во градинката. Во истата установа, второпријавениот А.Д. ѝ упатувал закани на првопријавената.
Надлежните институции работат на преземање на понатамошни мерки за целосно расветлување и на овој случај.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

