11 август 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски упати остри критики кон југоносталгичарите и поддржувачите на југословенскиот систем, отворајќи го прашањето за владеењето на правото во поранешната држава. Во своето најново излагање, тој директно го нападна митот за идеално уредената и правна држава, ставајќи го фокусот на бруталните методи и нерегулираниот статус на тајната полиција – УДБА.
Георгиевски директно им се обрати на оние кои ја глорифицираат поранешна Југославија, прашувајќи како е возможно во една држава која се претставува како строго правна, да функционира институција која има моќ на живот и смрт, а притоа нејзината улога воопшто да не е законски дефинирана.
„Е сега, почитувачи на Југославија, тие што велите дека Југославија била многу правна држава, многу систем организиран, регулирано, вака, тоа, онаа се, ќе ви го поставам прашањето како во Југославија, Титова Југославија може да постои институција која дрма, затвора, убива, прави концентрациони логори, а нејзината улога не е регулирана со закон?“ – истакна Георгиевски, повикувајќи се на информации од Борис Беговиќ.
Тој потсети и на официјалните документи на самите југословенски комунисти, кои по формирањето на Комисијата за работата на УДБА ги изнеле фрапантните бројки за масовното следење на граѓаните. Според извештајот од 1969 година, размерите на контролата врз населението биле застрашувачки.
Клучни податоци од извештајот:
„Шеесет и девета година излегува извештај, значи од самите југословенски комунисти, не од Бугарската комунистичка партија... Според југословенската Комисија за реформа на УДБА е објавено дека два милиони и седумстотини досиеја има во канцелариите на УДБА. Во тоа време Југославија имала дванаесет, тринаесет милиони жители. Значи тоа е негде една четвртина од населението имало досиеа, нели?“ – заклучува тој.
Со овие бројки и факти, Георгиевски уште еднаш се обидува да го демистифицира периодот на Титова Југославија, посочувајќи дека зад фасадата на организиран систем се криела масовна полициска држава која незаконски ги следела, затворала и репресирала сопствените граѓани.
Зголемена будност: Во Македонија потврдени 13 случаи на Западнонилска треска
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

