TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Нов удар за економијата: Германскиот гигант БМЗ ја затвора фабриката во Илинден и се сели во Полска

29 јули 2026

• од Темелко Тошев

Германската компанија „БМЗ Груп“ (BMZ Group), светски познат производител на литиум-јонски батерии, донесе конечна одлука целосно да го затвори својот производствен погон во општина Илинден до крајот на 2026 година. Производството ќе биде преселено во Полска, а оваа деловна одлука директно ќе погоди речиси 90 вработени во скопскиот погон, оставајќи ги без работа и ставајќи крај на најавите за големи вработувања.

Транзицијата започнува во август

Според официјалното соопштение на БМЗ објавено на нивната веб-страница, компанијата го консолидира своето европско производство.

„БМЗ ќе го затвори својот погон во Илинден и ќе го предаде целиот производствен бизнис на БМЗ Полска. Одлуката влијае на 89 вработени во погонот во Северна Македонија“, се вели во известувањето.

Префрлањето на производството ќе се одвива во фази, почнувајќи од август до декември 2026 година. Локацијата кај Скопје ќе продолжи да работи до крајот на годината за да се обезбеди непречено примопредавање на бизнисот. Од компанијата истакнуваат дека сите клиенти се веќе контактирани, снабдувањето ќе продолжи без прекини, а менаџментот веќе започнал индивидуални разговори со секој од засегнатите вработени во Скопје.

Од 1.000 најавени вработувања до клуч на врата

Затворањето на оваа фабрика доаѓа како студен туш, особено ако се земат предвид помпезните најави при поставувањето на камен-темелникот во септември 2024 година, настан на кој присуствуваше и државниот врв. Тогаш беше најавена огромна инвестиција вредна 65 милиони евра, која требаше да биде завршена до мај 2025 година.

Првичните планови на раководството ветуваа отворање на дури 1.000 нови работни места и извоз од најмалку 60 милиони евра во првите три години. Денес, неполни две години подоцна, амбициозните планови згаснаа, а деведесетината ангажирани работници се соочуваат со отказ.

Трета странска компанија што ја напушта Македонија

Заминувањето на БМЗ претставува сериозен аларм за инвестициската клима во земјата. Ова е веќе трета странска компанија што ја напушта Македонија за релативно краток период. Претходно, своите погони ги затворија ирско-американската компанија „Аптив“ во ТИРЗ „Бунарџик“, како и американската „Дура“. Дополнително, британскиот гигант „Џонсон Мети“, кој е најголем извозник од Македонија, неодамна најави намалување на бројот на своите вработени.

Дали доцнењето на државната помош е главниот проблем?

Иако институциите континуирано најавуваат привлекување на нови инвеститори, постоечките странски компании во земјава веќе извесен период алармираат за административни и финансиски пречки. Главниот проблем, според нивните реакции, лежи во нередовната исплата на државната помош која законски им следува.

Ова прашање беше директно отворено на средбата на странските инвеститори со премиерот Христијан Мицкоски и владиниот економски тим во март годинава, кога инвеститорите посочија дека државната помош доцнела за првпат откако е воведена оваа практика. Покрај ова, тие реагираат и на бирократските проблеми со работните дозволи, предизвиците со транспортот и слабата поддршка од државните институции по иницијалното инвестирање (т.н. aftercare).

Зрак надеж: Се бара нов инвеститор за погонот

Додека БМЗ се подготвува за заминување, од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) изразуваат оптимизам. Од таму најавуваат дека деновиве очекуваат разговори со друг странски инвеститор од Европската Унија, кој евентуално би го презел веќе постоечкиот погон на БМЗ во Илинден, со што би се ублажиле последиците од затворањето на германската фабрика.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
29 јули 2026

Србин фатен со 5.000 штеки шверцувани цигари на „Богородица“, Обвинителството бара притвор

СВЕТ
29 јули 2026

Бугарите сè повеќе го избираат странство за одмор: Речиси еден милион патувања во јуни

МАКЕДОНИЈА
29 јули 2026

ЖАС ВО ГОСТИВАРСКО: Приведени две лица за организирање на крвави борби со кучиња!

МАКЕДОНИЈА
29 јули 2026

СДСМ: Мицкоски тврди дека сме економски лидери, а уште една странска компанија ја напушта Македонија

МАКЕДОНИЈА
29 јули 2026

Скандал на Стоматолошки: Купувале положен стручен испит за пари, полицијата заплени над 65.000 евра

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
29 јули 2026

Сефер Селими: Ако паднат Охридскиот договор и ЕУ, мора да го преиспитаме компромисот за државата!

СВЕТ
29 јули 2026

Претседателските избори во Бугарија закажани за 25 октомври, можен втор круг на 1 ноември

СВЕТ
29 јули 2026

Мерц со силна порака: Црна Гора во ЕУ до 2030 година

СВЕТ
29 јули 2026

Бугарскиот министер за образование: Работиме за зачувување на споменот за спасувањето на бугарските Евреи

МАКЕДОНИЈА
29 јули 2026

„Скопје 2028“: 21 милион евра ќе се трошат „во четири очи“ надвор од Законот за јавни набавки

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
29 јули 2026

ДУИ алармира: Уште еден странски инвеститор ја напушта Македонија, Владата да каже колку работници остануваат на улица

СВЕТ
29 јули 2026

Бугарската ИТ компанија „Wiser Technology“ воведува вештачка интелигенција во европскиот сателитски систем Galileo

СВЕТ
29 јули 2026

Радев: Бугарија има капацитет за производство на дронови и анти-дрон системи

МАКЕДОНИЈА
29 јули 2026

Се чудиме на порастот на канцерогени заболувања, а немаме поим што јадеме и од каде доаѓа храната!

ДРУГО
29 јули 2026

Денеска 29 јули 2026 година се празнува Светиот свештеномаченик Атиноген, епископ Севастиски во Ерменија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
29 јули 2026

Д-р Даниловски за Западнонилската треска: Осумте тешки случаи се само видливиот дел од епидемиолошката „санта мраз“

МАКЕДОНИЈА
28 јули 2026

Алармантна статистика: Секој ден се распаѓаат по шест бракови во Македонија, сè помалку млади се одлучуваат на венчавка

СВЕТ
28 јули 2026

Црна Гора усвои нов закон: Два дена платено месечно отсуство за жени со сериозни менструални тегоби

МАКЕДОНИЈА
28 јули 2026

Македонска навигација должи околу 15 милиони евра, а дава позајмица на Владата од 7 милиони евра

МАКЕДОНИЈА
28 јули 2026

Кузеска: Сè уште нема официјален документ за водата во Гостивар, проблеми со квалитетот и во други градови

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
28 јули 2026

НОВ ЦЕНОВЕН ШОК: Левица алармира дека парното поскапело двапати за само осум месеци!

МАКЕДОНИЈА
28 јули 2026

СКАНДАЛ ВО УВМК: Матичари си направија приватен бизнис, венчаваат на диво по ресторани и земаат кеш на рака!

СВЕТ
28 јули 2026

Трамп ќе го праша Путин дали руските сателити му помагаат на Иран во војната

МАКЕДОНИЈА
28 јули 2026

Семејствата на загинатите кај Блаце бараат одговорност: Зошто градилиштето не било физички блокирано пред трагедијата?

МАКЕДОНИЈА
28 јули 2026

Италија повеќе не ги признава македонските возачки дозволи

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
28 јули 2026

Партијата на Румен Радев застана зад Илијана Јотова во трката за претседател на Бугарија

МАКЕДОНИЈА
28 јули 2026

Извештај на Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

СВЕТ
28 јули 2026

Една од најстарите хемиски фабрики во Бугарија ќе произведува „гориво на иднината“

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега