27 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, кој во моментов ја ужива поддршката на косовскиот премиер Албин Курти, во своите помлади денови очигледно бил еден од најголемите обожувачи на поранешниот југословенски лидер, Јосип Броз Тито.
Според информациите кои ги пренесува порталот Demokracia.com, Касами како ученик во основно училиште му посветил хвалоспевна поема на југословенскиот маршал. На социјалните мрежи деновиве активно кружи документ кој го докажува тоа, а во кој се глорифицира ликот и делото на Тито.
Како што може да се види од приложениот документ на фотографијата станува збор за литературна страница од училиштето „19 Март“. Во рамки на активностите на литературната група при училиштето, бил распишан конкурс на кој биле наградени најдобрите творби. Песната посветена на Тито, напишана од Билал Касами, тогаш ученик во седмо одделение (клас VII-2), го освоила четвртото место.
Песната која Касами му ја посветил на Тито, во превод гласи:
Т И Т О
Другар Тито редок јунак Не водеше по добриот пат.
Редок јунак и незаборавен За слобода ти се бореше.
Ни покажа вистински пат За на слободата да ѝ се радуваме во животот.
Денес кога сме во слобода Ве поздравуваат стари и млади.
Оваа објава предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, особено во контекст на актуелните политички сојузи и реториката која денес се користи на политичката сцена.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

