26 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ излезе со остра реакција по шокантните информации за бегството на белите волци од Зоолошката градина во Скопје. Како што објави порталот Скопје1.мк, скандалот изнесе на виделина сериозни пропусти во безбедноста и катастрофални услови за чување на дивите животни, кои директно ја загрозуваат безбедноста на животните, но и на граѓаните.
Од организацијата посочуваат дека оградата на живеалиштето, која јавноста можеше да ја види на снимките, не остава ниту најмал впечаток дека ги исполнува неопходните безбедносни стандарди за изолирање на диви животни.
„Оградата што се гледа на снимката не остава впечаток на безбедносен систем соодветен за чување диви животни. Напротив, отвора сериозни сомнежи дали воопшто биле обезбедени минималните стандарди за заштита и спречување на бегство“, децидни се од „Анима Мунди“.
Оттаму алармираат дека безбедноста во една ваква институција не смее да се темели на импровизации или да зависи од „среќни околности“, додавајќи дека ваквата негрижа и супстандардни услови се провлекуваат подолг временски период.
Револтирани од инцидентот кој заврши со усмртување на животните, од здружението испорачаа листа на итни и неопходни чекори кои институциите мора да ги преземат:
Покрај итните мерки за санација на штетите и утврдување одговорност, „Анима Мунди“ предлага и долгорочно решение – изработка на план за трансформација на Зоолошката градина во спасувачки и рехабилитациски центар за животни.
Својата реакција тие ја заклучија со моќна порака која треба да ги освести надлежните:
„Институција што не може да гарантира сигурност за животните што ги држи во заробеништво, не може да гарантира ниту безбедност за граѓаните.“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

