26 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Копретседателот на коалицијата ВЛЕН, Билал Касами, во гостувањето во емисијата „On Time“ на ТВ Коха истакна дека по најавената реконструкција на Владата, позицијата на нивната политичка опција ќе биде значително посилна од претходно.
Тој посочи дека преговорите се во завршна фаза и дека како владин партнер, ВЛЕН ќе раководи со шест министерства со конкретни ресори. Одговарајќи на реакциите од политичките противници, Касами додаде дека што и да направат, должност на опозицијата е да критикува.
„Ние сме во завршна фаза на затворање на овој договор. Во една ваква ситуација, ВЛЕН ги зајакнува своите позиции во Владата, бидејќи веќе презема 6 министерства со одредени ресори. Исто така, сакам да нагласам дека во оваа комбинаторика се разговара и на маса е и Министерството за култура, за кое побаравме да биде предводено од кадар на ВЛЕН. Сакам да истакнам дека со ресорите со кои веќе раководевме, како и со оние кои ги добиваме по реконструкцијата, ние сме во многу подобра позиција отколку во многу моменти кога ДУИ владееше изминатите 20 години“, изјави Касами.
Според него, одлуките и договореното претставуваат голем исчекор, бидејќи станува збор за ресори кои на директен начин влијаат врз правата и унапредувањето на положбата на Албанците во државата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

