26 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ преку итна реакција бара целосно затворање на скопската Зоолошка градина. Овој апел доаѓа по шокантните информации во јавноста дека волци успеале да избегаат од своето живеалиште, при што предизвикале вистински масакр усмртувајќи четири кенгури и неколку птици.
Според неофицијални информации кои протекоа во медиумите, инцидентот се случил изминатиот викенд. Белите волци успеале да ископаат дупка под своето живеалиште и да излезат во отворениот простор. По нивното бегство, следел напад во кој настрадале кенгурите и птиците. На вработените им биле потребни неколку часа за да ги совладаат волците и да ги вратат назад.
Загрижувачки е фактот што од ЗОО Скопје сè уште нема официјално соопштение. Јавноста останува покуса за клучни одговори: дали во моментот на бегството имало посетители, како се обезбедени животните сега и кога точно се случил овој сериозен пропуст?
Активистите од „Анима Мунди“ објавија и видео снимка на која се гледа како волците се обидуваат да излезат низ импровизирана мрежа која покрива оштетена метална ограда. Тие обвинуваат за континуирана негрижа и лоши услови.
„Оградата на живеалиштето на волците не остава впечаток на безбедносен систем соодветен за чување диви животни. Напротив, отвора сериозни сомнежи дали воопшто биле обезбедени минималните стандарди за заштита и спречување на бегство. Безбедноста на диви животни не смее да се обезбедува со импровизација, не смее да зависи од среќа и не смее да се правда со молк. Вината не е само на сегашниот директор, состојбата опстојува во континуитет“, потенцираат од здружението.
Поради сериозноста на ситуацијата, здружението излезе со листа на итни барања кон надлежните институции:
Од „Анима Мунди“ ја повторија и својата долгогодишна заложба – скопската Зоолошка градина трајно да се затвори во нејзиниот сегашен формат и да се трансформира во спасувачки и рехабилитациски центар за животни.
Останува да се види дали надлежните институции и раководството на ЗОО Скопје ќе излезат со официјален став за инцидентот кој предизвика бура од реакции кај граѓаните.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

