26 јуни 2026
• од Темелко Тошев
„Тендер коалицијата на Христијан Мицкоски се распаѓа пред очите на граѓаните“, обвинуваат од опозицискиот СДСМ, посочувајќи дека наместо работа за интересите на граѓаните, јавноста сведочи на отворена битка за позиции која се заканува да прерасне во војна меѓу внатрешни кланови.
– Владејачкото мнозинство се соочува со сериозни внатрешни превирања и борба за контрола над клучни ресори, обвини денеска Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Во најновото партиско соопштение, опозицијата тврди дека власта се наоѓа во фаза на распаѓање, поттикната од страв, празен буџет и лични интереси.
Од СДСМ директно ја прозиваат партијата ЗНАМ, за која тврдат дека била „создадена и финансирана од Мицкоски“, а денес е сведена само на двајца функционери кои водат директна борба за моќ.
Паралелно со тепачката за фотелји, СДСМ обвинува дека премиерот Христијан Мицкоски забрзано бара изговор за предизвикување на предвремени парламентарни избори, притиснат од лошата економска состојба.
„Буџетот е празен, а можностите за ново задолжување се исцрпуваат. Мицкоски не може да си дозволи да не ги исплати пензиите. Затоа ќе се обиде да се задолжи до максимум, а кога повеќе нема да може – ќе побара излез преку избори.“
Партијата додава дека премиерот првично барал алиби од опозицијата за ваквиот чекор, а откако не го добил, сега се обидува истото да го изнуди од своите коалициски сателити. Сепак, како што велат од СДСМ, и тие се свесни дека таков потег трајно ќе ги етикетира како соучесници во политичка манипулација.
СДСМ заклучува дека граѓаните се заложници на владејачка структура која се грижи исклучиво за сопствениот спас.
„Ова е слика на една организирана криминална група која се распаѓа одвнатре. Кога нема резултати, кога нема пари, а стравот од истраги расте – тогаш започнува тепачка за фотелји и за контрола над институциите кои можат да ги заштитат од одговорност. Ова не е борба за подобра Влада, туку борба за опстанок“, потенцираат од СДСМ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

