21 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Натпреварот од 13. коло во Втората македонска фудбалска лига помеѓу лидерот Шкендија Арачиново и Брегалница Штип, одигран во скопската населба Сингелиќ, беше засенет од инциденти што ја нарушија спортската атмосфера.
По возбудливо прво полувреме, во кое два пати се тресеа мрежите – прво преку голот на Љамалари за домашните, а потоа со израмнувањето на Карчески пред паузата – страстите на теренот забрзано се разгореа. Резултатот 1–1 беше само вовед во низа тензични моменти.
Во текот на првото полувреме се забележаа повеќе жестоки стартови, прекини и турканици меѓу играчите, но вистинската драматична кулминација се случи по последниот свиреж за крај на делот.
Службено лице, позиционирано покрај теренот, влезе во вербална расправија со фудбалерите на Брегалница. Во општата мешаница, тој го клоцна капитенот на гостите, Стефан Коцев, што предизвика дополнително вжештување на атмосферата.
Нервозата продолжи и во просторот пред соблекувалните, каде што повторно дојде до турканици и вербални пресметки, а според снимките, разменети биле и неколку удари. Камерите ги забележаа моментите кои дополнително го проширија скандалот.
Од екипите и од надлежните институции се очекува официјална реакција и евентуални дисциплински мерки. Инцидентот ја засени фудбалската игра и повторно го отвори прашањето за безбедноста и професионалното однесување на лицата задолжени за организација на натпреварите.
Се проширува истрагата за трагедијата во „Пулс“: Опфатени лица од УЈП и ДПИ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

