10 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Европската ракометна федерација (ЕХФ) официјално покрена постапка против македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, поради сериозни сомнежи за манипулација со видео-снимки доставени во рамки на задолжителните фитнес тестови пред почетокот на Европското првенство 2026.
Како што информираат од ЕХФ, постапката е дел од редовниот и строго дефиниран процес за проверка на физичката подготвеност и усогласеноста на судиите со високите перформансни критериуми што важат за големите натпреварувања. Во тој контекст, сите судии се обврзани да достават две видео-снимки од таканаречениот „Мултистејџ фитнес тест“ – една осум недели и една четири недели пред почетокот на шампионатот.
Доставените снимки од Николов и Начевски биле предмет на анализа од официјалниот фитнес-партнер на ЕХФ, компанијата Fitgood Pro. Сепак, кон крајот на декември, ЕХФ добила информација дека видеата можеби не претставуваат целосен и автентичен запис од тестирањето. Поради сериозноста на ваквите сомнежи, федерацијата побарала дополнителна експертска анализа, а материјалите биле проследени и до интегритетниот партнер на ЕХФ – Sportradar.
По спроведената детална и темелна проверка, биле откриени докази кои укажуваат на висока веројатност дека видео-снимките биле манипулирани. Овие наоди отворија сериозни прашања за нивната веродостојност и доведоа до одлука за покренување дисциплинска постапка против двајцата судии.
Поради целиот случај, Николов и Начевски се избришани од листата на судии за Европското првенство 2026, а конечната одлука ќе биде донесена по завршување на постапката и разгледување на сите релевантни факти. ЕХФ нагласува дека интегритетот, транспарентноста и еднаквите услови за сите учесници се апсолутен приоритет и дека нема да толерира никакви отстапувања од утврдените правила и стандарди.
Левица: Пратениците повторно испумпале 14,4 милиони денари за патни трошоци
14,4 милиони денари за патување: Пратениците се возат на грбот на граѓаните
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

