24 август 2026
• од Темелко Тошев
оследниот кредит што Владата го договори од Унгарија предизвикува реакции во јавноста во однос на неговото вистинско потекло и можните геополитички мотиви. Според Зоран Ефремов, овие средства не се само обичен финансиски аранжман, туку дел од поширока стратегија која има за цел да ја препозиционира Македонија на Балканот.
Ефремов смета дека 500-те милиони евра кои премиерот Христијан Мицкоски ги обезбеди преку унгарскиот премиер Виктор Орбан, всушност потекнуваат од Кина и носат поинаква политичка агенда за регионот.
„Всушност, знаете дека тоа се кинески пари. Тоа е дел од кинески кредит. И тука всушност беше целта... Целта беше едноставно и Македонија да влезе во тој пакет заедно со Србија, Босна и Унгарија. Пакет, условно кажано, за да влезат внатре во играта. Со земањето на тие петстотина милиони евра кои де факто се кинески, Македонија влезе во целата таа приказна,“ истакна Ефремов.
Тој појаснува дека ваквиот потег е резултат на долгогодишните односи кои се развиваат меѓу Унгарија и ВМРО-ДПМНЕ, но предупредува на можните последици од вовлекувањето на надворешен капитал во земјава кој доаѓа надвор од западните структури.
Очекувани реакции од САД и ЕУ
Ефремов очекува дека прелевањето на овој капитал нема да помине без реакција од стратешките партнери. Тој посочува на засиленото присуство на САД на територијата на Западен Балкан, со посебен фокус на Србија, Босна и Македонија.
Воедно, тој потсетува и на актуелните случувања во Европската Унија и мерките што се преземаат во однос на политиката на унгарскиот државен врв, предупредувајќи дека канализирањето на кинески и руски пари преку Унгарија кон регионот е под директна лупа на меѓународната заедница.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

