22 август 2026
• од Темелко Тошев
Бугарската претседателка Илијана Јотова, при своето обраќање за време на чествувањето на Шипченската епопеја на врвот Шипка, изрази разочарување што сè уште нема добиено одговор на писмото кое пред десетина дена ѝ го упати на македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова.
Писмото, кое официјално е испратено и заведено на 11 август, се однесува на случајот на 23-годишната Ива Михаилова од Кочани и потребата за нејзино понатамошно лекување.
Како што пренесува бугарската национална телевизија (БНТ), Јотова посочила дека во дописот до Сиљановска-Давкова понудила две опции за решавање на здравствениот проблем на младата девојка. Едната можност е да се формира конзилиум од бугарски лекари кои би го утврдиле понатамошниот тек на лекувањето, а втората опција е лекувањето на Ива да продолжи во Бугарија.
„До овој момент немам апсолутно никаков одговор. Во писмото ја замолив, и како човек и како жена, да му помогне на ова 23-годишно девојче да не остане лице со инвалидитет“, изјави Јотова од врвот Шипка, додавајќи дека причините за молкот од македонска страна ги остава на јавноста да ги процени.
Јотова, исто така, најави дека случајот со Михаилова нема да остане само на билатерално ниво. Таа откри дека во средината на септември има закажано средба со генералниот секретар на Советот на Европа во Стразбур, каде едно од клучните прашања што планира да ги отвори ќе биде токму судбината на младата девојка од Кочани.
Случајот на Ива Михаилова и понатаму останува отворен, додека се чека официјална реакција од Кабинетот на македонската претседателка.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

