23 август 2026
• од Темелко Тошев
Бугарија нема да се одрече од Бугарите во Република Северна Македонија и ќе продолжи да ги штити нивните права, порача бугарската претседателка Илијана Јотова. Таа ова го изјави за време на националното чествување по повод 123-годишнината од Илинденско-преображенското востание.
Во своето обраќање, Јотова се осврна на актуелните односи меѓу двете земји, ставајќи акцент на, како што рече, заедничката историја и потребата од надминување на поделбите.
„Нема како денес да не одбележиме и нешто друго – колку многу рани, колку многу поделби. Денес во Република Северна Македонија се зборува за Бугарите, а историјата ни е заедничка. Што имаме да делиме?“, запраша реторички бугарската потпретседателка.
Таа упати и порака дека против говорот на омраза и поделбите мора да се издигнат и да се спротивстават како политичарите, така и самото општество, нагласувајќи дека нејзиниот повик не претставува само обична политичка декларација.
Зборувајќи за значењето на историскиот локалитет каде што се одржа чествувањето, Јотова истакна: „Петрова Нива е парче бугарска света земја. Нашите предци ја дадоа и ја исполнија својата заклетва безусловно кон родот и Татковината“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

