24 август 2026
• од Темелко Тошев
Дали државните симболи се светиња само кога треба да се критикуваат одредени етнички заедници, или тие претставуваат основна обврска за секој функционер кој зема плата од граѓаните? Ова е прашањето кое неизбежно се наметнува по најновиот дипломатски „гаф“ на министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ.
На неговата неодамнешна средба со српскиот премиер, фокусот не беше на тоа што е кажано, туку на она што недостасуваше – знамето на Република Северна Македонија.
Според фотографиите кои самиот министер гордо ги сподели со јавноста, средбата повеќе наликувала на внатрешно-политички брифинг отколку на меѓудржавна средба. Во позадината доминираат исклучиво српските државни симболи. Стоилковиќ се пофали дека се разговарало за „положбата на српската заедница“ и за „добрососедските односи“, но тешко е да се зборува за добрососедство кога визуелно сте ја избришале државата што официјално ја претставувате.
Она што најмногу загрижува во овој случај не е само отсуството на парче ткаенина, туку лицемерната тишина на македонската политичка сцена.
Но, кога станува збор за Стоилковиќ, реакциите се сведуваат на игнорирање. Овој инцидент отвора сериозна дебата: дали во Северна Македонија постојат министри од „прв“ и „втор“ ред, за кои важат различни правила на однесување?
Државните симболи не се опционален декор за на Инстаграм. Тие се одраз на институционална почит. Без нив, функционерот не претставува никого освен самиот себе.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

