18 септември 2026
• од Темелко Тошев
Заменик-министерот за образование и наука, Дритон Сулејмани, во емисијата „Импакт“ на ТВ Шенја изјави дека проблемот со недостигот на простории за паралелките на албански јазик во основното училиште „Његош“ во Идризово, општина Гази Баба, се очекува да се реши преку проширување на капацитетите на училишниот објект.
Сулејмани посочи дека Министерството за образование и наука (МОН) реагирало веднаш откако бил констатиран недостигот на простор. Тој информираше дека во моментов во училиштето се одвиваат градежни работи за изградба на четири нови училници.
„Според информациите што ги имам, причината поради која учениците не можеа да ја продолжат наставата во истиот објект е токму недостигот на простор. Ние ја констатиравме оваа состојба и веднаш реагиравме како Министерство за образование, при што веќе се одвиваат работи во училиштето 'Његош' за изградба на 4 нови училници“, изјави Сулејмани.
Според него, проширувањето на објектот ќе создаде соодветни услови за учениците од албанските паралелки, за да не бидат принудени да патуваат на други локации, туку наставата да ја следат во своето матично училиште.
„Ќе се зголемат просторните капацитети и мислам дека со решавањето на овој проблем ќе се создадат услови учениците од овие класови да не мораат повеќе да патуваат, туку воспитно-образовниот процес непречено да го следат во училиштето 'Његош'“, нагласи Сулејмани.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

