16 септември 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот командант на Ослободителната војска, Самидин Џезаири, познат како Хоџа, изјави дека ОВК не извршила никакви злосторства ниту во Косово, ниту во Северна Македонија. Според неговите зборови, нивната борба била целосно „чиста“.
Своите ставови тој ги изнесе за време на маршот „Слободата има име“ кој се одржа во Скопје, во знак на поддршка на поранешните лидери на ОВК кои во моментот се соочуваат со судски процес во Хаг. Џезаири истакна дека овој судски процес го смета за монтиран од страна на Србија, а поддржан од Русија и Кина.
„ОВК воопшто, ниту во Косово, ниту во Македонија, нема направено злосторства, направи чиста војна“, дециден беше Џезаири.
Тој изрази силно уверување дека поранешните лидери на ОВК ќе бидат ослободени со одлуката која се очекува да биде соопштена во Хаг. Џезаири додаде дека дури и доколку биде изречена евентуална казна, тоа нема да може да го поништи постоењето на Косово.
„Очекуваме утре да бидат ослободени, но дури и ако донесат одлука за некаква евентуална казна, Косово никој повеќе не може да го поништи“, порача тој пред присутните.
За крај, тој изрази надеж дека Специјалниот суд ќе донесе одлука за ослободување, оценувајќи го целиот процес како координиран напад против ОВК, Косово и Албанците.
„Се надеваме дека ќе се донесе одлука за ослободување на поранешните лидери на ОВК, бидејќи овој процес е координиран со цел да се бори против ОВК, Косово и албанството“, заклучи Џезаири.
Бугарија е подготвена за најмасовното Европско првенство во бокс во историјата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

