15 септември 2026
• од Темелко Тошев
Скопјанка била ранета во рамото од заталкан куршум синоќа, додека седела во дворот од својот семеен дом во скопската населба Драчево, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Немилиот настан се случил околу 20:40 часот, кога жената одеднаш почувствувала силен удар во пределот на рамото. Таа веднаш била пренесена во Поликлиниката Драчево каде што ѝ била укажана лекарска помош. По извршениот медицински преглед, лекарите констатирале дека повредата е предизвикана од заталкано зрно од огнено оружје.
Од поликлиниката, случајот бил пријавен во СВР Скопје нешто подоцна, во 21:45 часот. Од полицијата го потврдуваат идентитетот на повредената, посочувајќи дека се работи за 57-годишната Ј.С. од Скопје.
Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека полицијата веќе презема соодветни мерки и интензивно работи на целосно расчистување на случајот и откривање на потеклото на куршумот.
Бугарија е подготвена за најмасовното Европско првенство во бокс во историјата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

