01 мај 2026
• од Димитар Стојановски
Северна Македонија падна за три места на Индексот за слобода на медиуми на „Репортери без граници“ и сега е во групата земји со проблематична состојба, соопшти СДСМ.
Од партијата оценуваат дека падот е последица на актуелните политики на власта и обвинуваат за зголемено политичко влијание врз медиумите. Според нив, дел од медиумскиот простор е под контрола на структури поврзани со власта, додека независните медиуми се соочуваат со финансиски притисоци.
СДСМ се повикува и на извештаи на меѓународни организации и истражувачки мрежи, кои укажуваат на проблеми со медиумската слобода и транспарентноста во сопственоста.
Во соопштението се наведуваат и обвинувања за поврзаност на одредени медиуми со поранешни политички структури, како и наводи за можни финансиски злоупотреби, за кои, според партијата, институциите сè уште не постапиле.
Од СДСМ порачуваат дека е потребна поголема одговорност и заштита на медиумските слободи, како клучен елемент на демократското општество.
Трамп најави укинување на тарифите за виски по посетата на британскиот крал и кралица
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

