30 април 2026
• од Стефан Николов
Пратеникот Миле Цеков, избран од редовите на ЗНАМ, соопшти дека го напушта парламентарното мнозинство и ќе дејствува како независен пратеник во Собранието. Во обраќање до јавноста, тој ја образложи својата одлука со, како што рече, несовпаѓање на вредностите и разочараност од насоката во која се движи партијата.
„Во политиката не влегов да се променам јас, туку за да ја сменам политиката. Затоа не можам да бидам дел од власт и од партија што не ги дели вредностите во кои верувам“, истакна Цеков.
Тој нагласи дека ја напушта, како што ја опиша, „формално демократска структура која суштински не ги исполнила очекувањата на граѓаните“, додавајќи дека разочарувањето произлегува и од непочитување на дадените ветувања.
„Заминувам од политика и од партија што не застана зад ветувањата, и од партија во која одлуките ги носат луѓе кои во Скопје немаат поддршка ни од два проценти од граѓаните“, рече тој.
И покрај одлуката да делува самостојно, Цеков потенцира дека останува доследен на своите принципи, меѓу кои ги наведе борбата за правда и одговорност, спротивставувањето на криминалот и корупцијата, како и заложбата за економски развој и задржување на младите во земјата.
Во своето обраќање, тој упати повик до сите политички и општествени чинители кои ги делат истите вредности да се приклучат кон, како што рече, „новата борба“.
„Понудувам рака до сите што веруваат во истите вредности и се подготвени да работат за доброто на татковината и на народот. Почитувани, ова не е крај. Ова е само нов почеток. Почеток на борба за правда и одговорност“, порача Цеков.
Почина Тодор Гаджев, директорот на Институтот за бугарска емиграција во Гоце Делчев
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

