01 мај 2026
• од Гоце Кически
Во изминатите 24 часа, полицијата приведе седум возачи поради безобѕирно управување со возило на територијата на целата држава.
Петмина од нив, од кои двајца во Кичево и тројца во Скопје, возеле без возачка дозвола. Останатите двајца, во Неготино и Кичево, биле затекнати како управуваат возило под дејство на алкохол.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави против сите сторители.
Надлежните апелираат до граѓаните строго да ги почитуваат сообраќајните правила, да не управуваат возило без дозвола или под дејство на алкохол, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата.
Бугарија и бугарскиот народ го одбележуваат Априлското востание и неговото наследство
Трамп најави укинување на тарифите за виски по посетата на британскиот крал и кралица
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

