21 јули 2026
• од Темелко Тошев
Наместо најавените поевтинувања и заштита на животниот стандард, граѓаните на Македонија се соочуваат со нов драстичен ценовен шок. Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) преку соопштение до јавноста остро реагираат на најновите зголемувања на цените на горивата, обвинувајќи го премиерот Христијан Мицкоски за празни ветувања и целосна негрижа за народот.
Според опозициската партија, со последните две последователни поскапувања во рок од само една недела, цената на дизелот е зголемена за над 11 денари, достигнувајќи цена од 94 денари за литар. Ова, како што предупредуваат од СДСМ, неминовно ќе предизвика нов домино-ефект и бран на поскапувања на храната, превозот и основните услуги.
„Секоја негова најава за намалување доведува до нов раст на цените. Граѓаните веќе се плашат од најавите на Мицкоски за некакви 'мерки'. Додека народот се прашува како ќе го преживее месецот, власта нема намера да го заштити стандардот. Повторно нема никакви конкретни чекори – ниту за работниците, ниту за пензионерите, земјоделците или социјално ранливите категории,“ се вели во соопштението на СДСМ.
Од партијата алармираат дека секојдневието на граѓаните се претворило во сурова борба за преживување и „математика“ како да се купат основните намирници. Ниту просечната, ниту минималната плата веќе не се доволни за да се протурка месецот, велат од СДСМ, посочувајќи на најновите статистички податоци:
СДСМ жестоко ја критикува економската политика на власта, нарекувајќи ги владините најави за „трета економија во Европа“ целосна фарса.
„Вистината е дека Мицкоски и неговата Влада системски го уништија стандардот на граѓаните, а економијата ја донесоа пред колапс. Тоа е реалноста со Мицкоски и неговата ВМРО-ОКГ – за нив луксуз и тендери, а за граѓаните само трошки. Во Македонија денес животот е сè потежок, а граѓаните го бројат секој денар,“ заклучуваат од партијата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

