21 јули 2026
• од Темелко Тошев
Случајот со загадувањето на водоводната мрежа во Гостивар претставува сериозен инцидент кој директно го загрози здравјето на илјадници граѓани. Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на денешната прес-конференција во Владата порача дека институциите будно го следат развојот на настаните и побара строга одговорност за сите инволвирани.
Изразувајќи сериозна загриженост за заболените граѓани од Полошкиот регион, министерот потенцираше дека државата нема да толерира пропусти кога е во прашање јавното здравје.
„Сакам јасно да кажам дека очекувам целосно да се утврдат сите факти и околности, како и да се утврди и кривична и морална одговорност за сите кои со своето постапување или непостапување придонеле за оваа состојба. Кога е загрозено здравјето на граѓаните, не смее да има компромиси, ниту прикривање на одговорноста“, нагласи Хоџа.
Со цел граѓаните да бидат точно информирани за законските надлежности, министерот детално појасни како е распределена одговорноста во системот:
Министерот ги увери гостиварчани дека Владата ги презема сите мерки во рамки на своите надлежности до конечно расчистување на случајот. Тој потсети дека во моментов се спроведува најголемиот инвестициски циклус за унапредување на водоснабдувањето и канализационите системи во државата.
„Ќе продолжиме да ги поддржуваме општините со инвестиции и стручна помош. Но, инвестициите сами по себе не се доволни. Секој носител на јавна функција и секоја институција, и на централно и на локално ниво, мора професионално, законски и совесно да ги извршува своите надлежности. Само така можеме да изградиме систем во кој вакви инциденти нема да се случуваат“, објасни Хоџа.
Тој на крајот повтори дека приоритет останува заштитата на животната средина и здравјето на луѓето, поради што се очекува брза, темелна и транспарентна истрага.
На владината прес-конференција, покрај министерот Хоџа, присуствуваа и портпаролката на Владата, Марија Митева, директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, како и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, кои ги презентираа понатамошните чекори на институциите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

