20 јули 2026
• од Темелко Тошев
Алијанса за Албанците (АА) преку соопштение до јавноста реагираше на, како што велат, скандалозното игнорирање на албанскиот јазик во Општина Теарце, упатувајќи остри критики и кон коалицијата ВЛЕН поради нивниот молк.
„Во Теарце, каде што над 90% од населението се Албанци, локалната администрација ги користи македонскиот и турскиот јазик, додека албанскиот јазик е целосно заобиколен. Ова е неприфатлив и навредлив чин кон албанските граѓани. Албанскиот јазик не е јазик од втор ред во Теарце, туку е јазик на мнозинството и неговата употреба е загарантирана со закон“, се вели во партиската реакција.
Од Алијанса за Албанците ја обвинија коалицијата ВЛЕН дека ги изневерила предизборните ветувања за унапредување на правата на Албанците.
„Во меѓувреме, ВЛЕН молчи. Оние кои ветуваа заштита и унапредување на албанскиот јазик, денес не реагираат дури ни кога тој се игнорира во општина со апсолутно албанско мнозинство. Дали се плашат да им се спротивстават на своите македонски шефови?“, прашуваат од АА.
Оттаму порачуваат дека граѓаните на Теарце не гласале за нивниот јазик да биде исклучен од институциите.
„Тие заслужуваат почит, одговорност и конкретни дејствувања. ВЛЕН мора да даде отчет. Времето на пароли и празни ветувања е завршено“, стои во заклучокот од соопштението.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

