17 април 2026
• од Темелко Тошев
Полицијата во Тетово синоќа приведе 16-годишник кај кого била пронајдена поголема количина наркотични средства подготвени за продажба.
На 16.04.2026 година во 22:05 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода малолетникот поради сомневање за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик (Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори).
При претрес во локал во Тетово, извршен со согласност на сопственикот, а кој бил изнајмен и користен од страна на 16-годишникот, полицијата пронашла и одзела:
Малолетникот е задржан во полициска станица каде, во присуство на родител, со него ќе биде извршен службен разговор.
„По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство“, информираат од СВР Тетово.
Овој случај е дел од засилените контроли на полицијата во тетовскиот регион насочени кон сузбивање на препродажбата на наркотици, особено меѓу младата популација.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

