17 април 2026
• од Темелко Тошев
Партијата Алијанса за Албанците (АШ) упати најостра осуда до Комисијата за заштита на конкуренцијата поради одлуката за отстранување на албанскиот јазик од официјалната веб-страница на оваа институција. Од партијата го оценија овој чин како неприфатлив и директен напад врз правата на Албанците во Македонија.
Покрај јазичната деградација, од Алијанса за Албанците алармираат и за влошување на состојбата со вработените Албанци во овој орган.
АШ упати остри критики и до албанските функционери во рамките на Комисијата, како и до коалицијата ВЛЕН, за нивниот молк и нереагирање. Според партијата, токму тие ја сносат политичката одговорност за сегашната состојба.
„Неприфатливо е молчењето на оние кои треба да ги штитат интересите на граѓаните. ВЛЕН денес ја има политичката одговорност за овој анти-албански пристап во институциите“, се вели во соопштението.
Алијанса за Албанците побара итно преземање на следните чекори:
Од партијата се децидни дека нема да дозволат погазување на постигнатите права и дека силно ќе се спротивстават на секој обид за маргинализација на албанскиот јазик и кадар во државните институции.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

