17 април 2026
• од Темелко Тошев
Бугарскиот портал „Lupa.bg“, повикувајќи се на свои извори, објави сензационални тврдења дека деновите на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Будимпешта се одбројани. Според порталот, Груевски веќе го подготвува својот багаж за заминување во Србија, стравувајќи од евентуална екстрадиција.
Причината за ваквата паника, според бугарскиот медиум, лежи во политичките промени во Унгарија. Тие тврдат дека идниот кандидат за премиер, Петер Маѓар, нема намера да го толерира престојот на Груевски, кого го смета за „меѓународен криминалец“ на кој не му е местото во земјата.
Поради ова, Груевски наводно планира засолништето да го побара во Србија, земја чија политика, според „Лупа“, ја следел со години.
Изворите на бугарскиот портал тврдат дека планот на Груевски е да помине две години во Србија, чекајќи да заврши мандатот на актуелниот премиер Христијан Мицкоски.
„Таму ќе чека две години да истече мандатот на Христијан Мицкоски и кога тоа ќе се случи, ќе се врати во Скопје. Уште повеќе што тогаш дел од неговите пресуди ќе бидат со измината застареност“, пишува „Lupa.bg“.
Ваквите шпекулации доаѓаат по јасната порака од актуелниот македонски премиер. Христијан Мицкоски, коментирајќи ги најавите за можна промена на ставот на Унгарија, беше дециден:
„Органите на редот ќе го задржат и ќе го испратат на издржување казна затвор согласно правосилната судска одлука. Ова е влада за која важат сите закони и таа е должна да ги почитува“, изјави Мицкоски, нагласувајќи дека секое лице, па и Груевски, по приведувањето може да ги користи своите законски права на жалби и приговори.
Бугарскиот медиум во својата анализа потсетува и на изјавите на поранешниот претседател Стево Пендаровски, кој своевремено го обвини Груевски за антибугарска реторика и за тоа дека Белград му бил поголем приоритет од Софија.
Според бугарските аналитичари, историски парадокс е што лидерот на партија која се смета за наследник на историското ВМРО, развил толку блиски односи со Белград, што сега го прави идеално место за негово следно засолниште.
Никола Груевски ја напушти Македонија во ноември 2018 година, пред да биде упатен на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Оттогаш, тој во отсуство беше осуден во повеќе други предмети:
Иако македонските власти во неколку наврати бараа екстрадиција, Унгарија досега ги одбиваше барањата со образложение дека Груевски е политички прогонуван. Дали навистина ќе се случи преселба во Србија, останува да видиме.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

