17 април 2026
• од Темелко Тошев
Земјоделците во Македонија ја започнаа пролетната сеидба со сериозни финансиски предизвици. Зголемените цени на вештачките ѓубрива и нафтата драстично ги покачија трошоците за производство на стратешките култури како оризот, пченката и сончогледот.
Поради поплаките од терен за високите цени на репроматеријалите, државата започна со скрининг на фирмите кои увезуваат вештачки ѓубрива. Целта е да се утврди по која цена се набавени овие суровини и дали трговските маржи се оправдани.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, најави итна координација со сите засегнати страни за да се заштити стандардот на производителите.
„Веќе за утре е закажан состанок со увозниците на вештачки ѓубрива во Министерството за земјоделство, на кој ќе присуствуваат и претставници од Министерството за економија. Ќе ја согледаме сондажата од терен од Пазарниот инспекторат и ќе донесеме конкретни мерки за превенирање на ценовниот шок во делот на употребата на вештачките ѓубрива,“ изјави Трипуновски.
Додека се чека на институционално решение за цените, на терен активностите не запираат. Во Кочанскиот регион пред неколку дена официјално е пуштена водата за наводнување, што го означи стартот на сеидбата на оризот.
Оваа сезона носи и една клучна новина – земјоделците по долги години повторно ќе можат да користат домашен семенски материјал.
Иако враќањето на домашното семе е чекор напред, високите трошоци за нафта и ѓубрива остануваат главна пречка за рентабилноста на пченката и сончогледот. Земјоделците стравуваат дека доколку државата не интервенира во контролата на маржите, зголемените вложувања ќе ја „изедат“ нивната заработка.
Утрешниот состанок во Министерството ќе биде одлучувачки за тоа какви механизми ќе се активираат за да се спречи натамошното поскапување на производствениот процес.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

