16 мај 2026
• од Темелко Тошев
Тешка несреќа при работа се случила вчера во скопското село Трубарево, при што со сериозни повреди се стекнал вработен во Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот во полиција бил пријавен вчера во 13:45 часот.
„Во СВР Скопје, Д.В. (53) од село Раштак, скопско, пријавил дека околу 12:45 часот во село Трубарево, додека извршувал работни задачи при вадење на цевка од ров, вработен во ЈП Водовод и канализација Скопје се здобил со тешка телесна повреда“, се наведува во полицискиот билтен.
По несреќата, повредениот работник веднаш бил пренесен во Јавната здравствена установа (ЈЗУ) „Св. Наум Охридски“ во Скопје (позната како Стара градска болница), каде од страна на дежурните лекари му биле констатирани тешки телесни повреди. Засега нема подетални информации за неговата моментална здравствена состојба.
На местото на настанот веднаш бил известен и трудов инспектор, кој треба да ги утврди причините за несреќата, како и тоа дали биле испочитувани сите заштитни протоколи и процедури за безбедност при работа на терен.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

