15 мај 2026
• од Темелко Тошев
Децениското криење на суштината на стратешките договори од граѓаните создаде „заробено општество“ во кое контролираниот наратив и конструираниот антагонизам служат како замена за вистината и реалниот напредок.
Од 35 години независност, граѓаните на Македонија ефективно се манипулирани, „држени во заблуда“ и скандализирани — цели 30 години. Оваа систематска магла е креирана од страна на политичките, медиумските, академските и сите други „елити“ во однос на суштината на стратешките меѓународни договори.
Поранешната пратеничка и аналитичарка Никица Корубин отвора клучно прашање: Зошто одговорноста за „криењето“ на содржината, околностите, причините и контекстот поради кои се донесени овие договори, претставува класично дезинформирање на граѓаните во тоталитарен манир на „контрола на наративот“? Токму тоа е една од главните претпоставки за успехот на концепт познат како „заробено општество“.
Низ децениите, во наследениот дух на авторитаризмот каде што „друг мисли наместо граѓаните“, јавноста никогаш на пристапен и разбирлив начин не доби задолжителен увид во стратешките чекори кои го определуваат постоењето, стабилноста и функционалноста на самата држава. Последиците од ваквиот пристап се повторуваат циклично:
Тоа што „контролираниот наратив“ сè уште ја продолжува својата пропаганда, во драстично сменети услови и со недвосмислена зрелост на граѓаните за европската иднина, говори само за едно: стравот (или неможноста) за откажување од фактички неуспешниот концепт на „криење на очигледното“.
Како што е очигледен, но не и широко и лесно достапен текстот на Преспанскиот договор, секој може и самиот да провери кој е „гревот“ на придавката „северномакедонски“ и како тој „грев“ се коригира според точниот правен термин предвиден во самиот договор.
Лекцијата која никој никогаш не им ја „предаваше“ на сопствените граѓани е едноставна и содржана во следните членови:
Член 1, став 3 б:
„Државјанството на Втората страна ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, како што ќе биде заведено во сите патни документи.“
Член 1, став 3 ѓ:
„Придавката во однос на државата, нејзините службени органи и други јавни институции ќе биде во согласност со официјалното име на Втората страна или со нејзиното скратено име, односно „на Република Северна Македонија“ или „на Северна Македонија<!---->“.“<!---->
Член 13:
„Во случај на грешки и пропусти во правилната употреба на името и термините наведени во член 1, став 3 од оваа спогодба во контекст на меѓународни, мултилатерални и регионални организации, институции, коресподенција, состаноци и форуми, како и во вкупните билатерални односи на В<!---->тората страна со трети држави и ентитети, која било од Страните може да побара веднаш<!----> да се изврши корекција и да се одбегнуваат слични грешки во иднина<!---->.“<!---->
Ако правната рамка е јасна, се наметнува прашањето: Чуму тогаш „бура во чаша вода“ за пропустот со „северномакедонските партнери“ во кратката порака на новата бугарска министерка за надворешни работи? Таа со нескриена позитивност даде коментар за „убавата прва средба“ со нашиот министер.
Дали таргетот на несразмерно бурната реакција од наша страна беше на „техничкото“ (средбата), „идентитетското“ (северномакедонски) или на „суштинското“ (убава средба)?
Дали во латентната бугарофобија и суптилното или отворено „сатанизирање“ на сè што е бугарско, всушност ништо не смее да биде „убаво“ поврзано со Бугарија на политичко ниво? Па макар тоа било и неформална средба на двајца министри кои имаат должност односите помеѓу први соседи, партнери во НАТО и идни партнери во ЕУ, да ги направат токму такви — убави.
Зарем не е доволно индикативно што ставот на долго очекуваната стабилна влада во Бугарија е идентичен како и на секоја влада таму од 2022 година, по усвојувањето на преговарачката рамка? Ако ова не е „убаво“ за нашата јавност, тогаш се потврдува дека чекањето всушност било само трошење време од цели 4 години, надоврзано на оние 30 претходни години неинформирање.
Грешката во пораката на бугарската министерка можеби воопшто не се однесува на граѓаните (за кои е наменета пораката за убави односи), туку е порака до „партнерите“ од власта на западниот сосед како потсетување какви односи на конструиран антагонизам не смеат да одржуваат. Затоа, „корекцијата“ треба да биде во име на органите и институциите на власта, а не во име на граѓаните.
Ако граѓаните заслужуваат „одбрана“, тие пред сè заслужуваат и почит од тие што се избрани да ги бранат. А почитта доаѓа прво преку говорење и презентирање на вистината.
Која е вистината за Времената спогодба, Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и преговарачката рамка? Редоследот е веќе небитен кога годините се неповратно потрошени. Но, суштината останува и покрај целото нејзино криење — и токму таа ја одредува нашата сегашност и иднина.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

