16 август 2026
• од Темелко Тошев
Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, упати остри обвинувања кон коалицијата ВЛЕН, нарекувајќи ја „рециклиран отпад на ДУИ“ и тврдејќи дека истата е создадена во „македонско-српски лаборатории“, пренесува порталот Tetovasot.
Овие изјави Тачи ги даде за време на оддавањето почит на гробот на поранешниот лидер Арбен Џафери, по повод годишнината од неговата смрт.
„ВЛЕН е отпадот на ДУИ рециклиран во рециклаторите на македонско-српските лаборатории“, категоричен беше Тачи.
Лидерот на ДПА истакна дека партијата што тој ја предводи останува единствената албанска политичка алтернатива со јасен идентитет, програма и искуство во владеењето.
„Сметам дека како и досега, така и сега, ДПА е единствената со програма, платформа и со искуството што го има во управувањето со државата. Тоа е она што ја разликува од другите“, додаде тој.
Според порталот, ваквите изјави на Тачи доаѓаат во контекст на интензивирањето на политичките судири меѓу албанските партии во пресрет на локалните избори.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

