24 август 2026
• од Темелко Тошев
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против вработен во Министерството за внатрешни работи од Куманово.
Според информациите, пријавениот со иницијали А.Ј., на 22 април годинава управувал со моторно возило иако воопшто немал положено возачки испит. Дополнително, при контролата било утврдено дека тој возел со брзина значително поголема од дозволената.
Кривичната пријава е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобзирно управување со моторно возило“.
Покрај кривичната одговорност, Одделот за внатрешна контрола иницираше и предлог за поведување на дисциплинска постапка за кршење на работниот ред и дисциплина против вработениот.
СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори по сценарио на српските и руските служби
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

